Работник се повредил во фабрика

Гостивар, 6 април 2023 – Во полицискиот билтен забележан е уште еден случај на повредување на работно место, трет оваа недела.

Според СВР Тетово, вчера (5 април) околу 16 часот и 30 минути во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ со тешки телесни повреди бил донесен 53-годишниот Ф.А. од гостиварско Врапчиште.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика покрај регионалниот пат Гостивар-Градец. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Коментарите се затворени.