Гостивар, 11 април 2023 – Љубителите на фолклорната традиција, овој четврток (13 април 2023) ќе имаат можност да го проследат традиционалниот Велигденски концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски на кој ќе бидат изведени повеќе народни песни и ора.
Концертната програма ќе биде исполнета со настапи на членовите на градското уметничко друштво. Најмладите ќе се претстават со орото „пајдушко“ а повозрасните игроорци ќе се претстават со сплетови меѓу кои и ората „водарки“ и „тресеница“.
Како солисти пејачи ќе настапат, Мирослав Крстески, Јовица Николоски и Ѓурѓица Николоска.
Почетокот е закажан за 19 часот во големата сала на центарот за култура „АСНОМ“.
Од најстарото културно уметничко друштво во Гостивар, упатуваат покана до сите љубители на народниот фолклор да го проследат концертот и на православните верници им честитаат големиот христијански празник Велигден.
Коментарите се затворени.