Изложба на детски креации со велигденски мотивина гостиварскиот плоштад
Гостивар, 13 април 2023 (МИА) – Празничната атмосфера на градскиот плоштад беше дополнета со детска фантазија и вештина. Ликовни дела, украси и рачни изработки на децата од гостиварските градинки и неколку основни училишта беа изложени на градскиот плоштад во Гостивар. Повеќето од експонатите кои се со празнични, велигденски мотиви ќе бидат продавани на утрешниот базар.
– Изложбата на овие детски креации е по повод Велигден, големиот христијански празник. Во неа беа вклучени деца од градинките и основнците училишта. Преку творење ги поттикнуваме децата да празнуваат и да создадеме празнична атмосфера, рече Еме нешкоска од хуманитарното здружение д-р Трајче Нешкоски кои заедно со центарот за култура „АСНОМ“.
Ракотворбите, цртежите и украсите кои денес беа изложени на штандовит на градскиот плоштад ќе бидат донирани на здружението „When in trouble“ . Овие креации заедно со други предмети и продукти же бидат ставени на продажба во рамки на „Велигденскиот базар“ кој ќе се организра утре попладне во дворот на црквата „Пресвета Богодорица“. Средствата собрани од базарот се наменети за хуманитарни цели и помош на социјално загрозени семејства.
згм
Коментарите се затворени.