Превентивна активност на ОВР Гостивар: „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“

Гостивар, 15 април 2023 (МИА) – Со делење на летоци и совети, полициски службеници од ОВР Гостивар ги информираа гостиварци за нивното делување, соработката со заедницата. Оваа активност е дел од кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат за јакнење на довербата помеѓу полицијата и заедницата.

Од СВР Тетово информираа дека полициски службеници на градскиот плоштад и пред Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар реализираа превентивно-информативна активност како содржински дел од кампањата за јакнење, продлабочување и надградување на довербата на полицијата и граѓаните, базирана на одговорност и ефикасен двонасочен партнерски однос.

– На граѓаните им се делеа летоци со пригодни информации за принципите на полициското работење во заедницата, за главните професионални цели на полицијата и за формите и начините за контрола на нејзиното работење во заедницата, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На овие средби граѓаните прашуваа и добиваа одговори за полициското работење, но и за конкретни безбедносни настани и појави на подрачјето.

Јосифоски посочи дека вакви и слични активности ќе следат и во наредниот период во функција на ефикасно детектирање и справување со сите безбедносни предизвици во заедницата.

згм

фото СВР Тетово

Коментарите се затворени.