Апел до возачите „на две тркала“ да ги почитуваатт сообраќајните правила

TYPO

Гостивар, 18 април 2023 – Со затоплувањето на времето, на патиштата и улиците во гостиварскиот регион, покрај другото, забележително зголемен е бројот на велосипедисти и мотоциклисти-учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила е важно, бидејќи возачите може да се соочат со парични глоби од 20 до 50 евра.

Од СВР Тетово упатуваат апел до велосипедистите да се движат прописно, односно крајно десно по коловозот, еден зад друг, а не еден до друг.

– Им се советува, исто така, во вечерните часови да бидат прописно осветлени и да ги избегнуваат темните улици, да внимаваат на знаците и постапките кога свртуваат лево или десно, задолжително да слезат од велосипед, да ги преминуваат улиците на обележани премини, наведуваат од СВР Тетово.

Оваа информација е важна со оглед дека велосипедистите ќе се соочат со законски предвидените санкции. Ним може да им бидат изготвени поднесоци, а зависно од видот на сторениот прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предвидени се и парични глоби од 20 до 50 евра во денарска противвредност.

Од полицијата потсетуваат на „црната статистика“ од минатата година. Па така на пример, на тетовското подрачје биле регистрирани вкупно 22 сообраќајни несреќи во кои непосредни учесници биле велосипедисти и 74 со учесници мотоциклисти.

Оттаму, им се советува на мотоциклистите максимална внимателност, но и навреме да ги регистрираат мотоциклите, задолжително да користат заштитна опрема и да поседуваат возачки дозволи.

фото: МКД.мк

Коментарите се затворени.