Чешкиот амбасадор Лудва во посета на Гостивар
Гостивар, 18 април 2023 – Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска оствари средба со амбасадорот на Чешката Република Јарослав Лудва. Таравари и Лудва, наведуваат од инфо службата на општината, имаале конструктивна и плодна средба, на која било нагласено а пријателствотото со Чешка е многу важно, бидејќи таа е докажан партнер на Северна Македонија во областа на европските интеграции и други сфери од интерес на граѓаните на двете земји.
„На средбата со чешкиот амбасадор разговаравме за соработката помеѓу двете земји во однос на интеграциските процеси. Разговаравме за теми во донос на локалната власт и проблемите со кои се соочуваме во овие кризни моменти во нашата држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, уставните измени, како и за заеднички активности во иднина“, изјави Таравари по средбата со чешкиот амбасадор во Скопје, Јарослав Лудва.
Општина Гостивар традиционално оставрува односи со амбасадорите на земјите од Вишеградската група: Чешка, Словачка, Унгарија и Полска.
згм
Фото општина Гостивар
Коментарите се затворени.