Децата од гостиварските училишта со слатки подароци го одбележа Бајрам

Гостивар, 24 април 2023 (МИА) – Ученици од нижите одделенија и деца кои се згрижени во градинките, на градскиот плоштад во Гостивар делеа баклави, татлии и други слатки во чест на Бајрам.

Настанот беше во организација со секторот за образование на општина Гостивар и во соработка со родителите на децата и училишните управи.

Гостиварци имаа можност да се послужат и да вкусат од продуктите кои децата ги донесоа на штандовите. Меѓу првите кои вкусија од понудените слатки беше првиот човек на општината Арбен Таравари и неговите соработници.

– Децата во склад со традицијата на сограѓаните им делат слатки и други продукти кои вообичаено се изнесуваат на бајрамската трпеза. На ваков начин тие ја дополнуваат празничната атмосфера во нашиот град, рече градоначалникот Арбен Таравари.

На штандовите најзастапена беше гостиварската баклава која е позната и надвор од градот.

згм

Коментарите се затворени.