Во Гостивар се одржува образовно рандеву АССУМ 2023

Гостивар, 5 мај 2023 (МИА) Ученици и наставници од 47 средни училишта учествуваат на дводневните натпревари на кои ќе ги презентираат знаењата и вештините во комуникација, толеранција, лидерство, тимска работа и спортување.

Организаторите на АССУМ 2023 – Младинска Асоцијација на средно стручни училишта на Македонија – Образовно Рандеву, заедно со две средни училишта од Гостивар овозможија на учениците да ги претстават нивните знаења во 14 категории и да ги претстават нивните образовни профили на штандови на кејот на Вардар.

– Мисијата на МАССУМ е подобрување на животот на младите, личните вредности, напредокот и успехот на учениците во кариерата, нивна подготовка за лидерство во светот на конкуренцијата, практична работа и учење, рече домаќинот и координатор Абиљ Идризи.

Поздравни обраќања пред присутните во амфитеатарот имаше и градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари кој на учесниците им посака топло добредојде и успех во натпреаврите. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири посакувајќи има на учесниците да постигнат што подобри резултати, потсети на последиците кои произлегуваат од врсничкото насилство и однесувањето на поединци. Во насока на спречување на посериозни инциденти, министерот информираше дека на располагање ќе биде електронкса адреса за пријавување насилство во училишта,  [email protected],

– Овие настани не само натпревари, туку и средби на кои меѓусебно се запознаат учениците од други училишта. Во оваа прилика сакам да испратам пораки кои се поврзани со последните случувања околу нас: да ги сакаме училиштата како нашите домови, да ги сакаме наставниците како наши родители, да ги почитуваме другарите како што почитуваме браќата и сестрите, рече Шаќири

Учениците и нивните ментори пред жири комисиите ги претставуваат подготвените материјали и настапи во категориите: интервју за работа, јавен говор, веб страна, фотографија, свирење и пеење, видео реклама, филм, поетска творба, пинг-понг, баскет и серва. Спортските активности се одржуваат во салата „Младост“, а во центарот за култура АСНОМ, модната ревија и театарските претстави. Образовното рандеву официјално завршува утре со прогласување на најуспешните.

згм

Коментарите се затворени.