Уапсен неготинец, кршел инвентар и се заканувал на вработени во општина Врапчиште
Гостивар, 11 мај 2023 (МИА) – Полицијата лишилa од слобода едно лице кое претходно било пријавено за агресивно однесување кон вработени и оштетување на инвентар во службените простории на секторот за урбанизам во Неготино полошко. По извршениот претрес на неговиот дом, најдени се повеќе парчиња огнено оружје.
Од СВР Тетово информираат дека претпладнево, (11 мај) околу 10.15 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(48) од Неготино, полошко. Тој, десетина минути пред тоа бил пријавен дека агресивно се однесувал во објект на општина Врапчиште во Неготино, во кој е сместен Секторот за урбанизам.
-Според пријавеното, тој во една просторија ги заклучил вработените и го оштетил инвентарот и опремата во другите канцеларии на објектот. Набргу потоа, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени три парчиња огнено оружје ( две ловечки пушки и пиштол) за кои поседувал соодветни дозволи, наведуваат од СВР Тетово
Б.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Коментарите се затворени.