Промовиран книжевниот опус на Наташа Брезовска-Богоевска
Гостивар, 30 мај 2023 – Љубителите на пишаниот збор имаа убава можност да се запознаат со опусот на Наташа Брезовска-Богоевска. Оваа авторка која има потекло од Гостивар, подолго време твори поезија и проза.
Во малата сала на центарот за култура „АСНОМ“ за творештвото на Брезовска-Богоевска зборуваа промоторките Билјана Дејановска и Валентина Наумоска Пенепулу кои на гостиварската публика им го приближија нејзиниот досегашен опус.
Наташа Брезовска-Богоевска преку македонски издавачи досега има издадено пет дела. Две сликовници, „Авантурите на желчето Тео“ (во стихови) и „Шумски приказни“ (раскази). „Детства“ и „Приказна за две деца“ се збирки раскази наменети за деца и млади, а „Нишки до срцата“ е збирка раскази наменети за возрасни.
Како долгогодишен наставник по македонски јазик, таа инспирацијата ја наоѓа во секојдневните контакти со децата и најубавиот период од животот на секој човек-детството. Таа во пишаните редови укажува на вистинските вредности, другарството, чесноста, одговорноста, за кои ќе каже Промоцијата имаше и хуманитарен карактер, а дел од собраните средства ќе бидат донирани на велешкото Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.
Коментарите се затворени.