Драмско студио „Дунек“: Театарска претстава за здрави навики на децата
Гостивар, 1 јуни 2023 – Драмското студио „Дунек“ во соработка со Центарот за култура „АСНОМ“ идната недела ќе ја изведе најновата претстава „Здрава храна за здрав живот“. Станува збор за претстава која наменета за најмладата публика преку која ќе се пренесат пораки за здрави навики.
Како што информираа од „Дунек“ најмладите членови во „Здрава храна за здрав живот“ низ театарска игра ќе ја воведат публиката во правилниот начин на исхрана и здрав стил на живот, кои важат за приоритетните сегменти во превенција на здравјето.
Претставата е наменета за децата од нижите одделенија (1во до 5-то одделение), а целта на овој проект е преку игра и забава пораките за здрави навики и здрав стил на живот да се пренесат до поголем број деца.
Организатор на претставата е Центарот за култура Асном-Гостивар, а режисер е Ѓорѓи Нешкоски. Во неа играат најмладите актери при драмското студио „Дунек“
Предвидени се две изведби во 10:00 и 11:00 часот понеделник (5 јуни) во големата сала на центарот.
Коментарите се затворени.