Наместо пари, тајфа градежници од Турција добиле закани
Гостивар, 22 јуни 2023 – Група градежници од Турција пријавиле еден гостиварец дека не им ги исплатил ветените пари за извршени работи. Тој ги ангажирал овие лица уште од април за работа на градилишта во гостиварско.
Според полицијата, вчера (21 јуни) во 13 часот, А.Х.(60) од Република Турција во СВР Тетово го пријавил случајот,
– Во март годинава, пријавувачот и уште 26 други лица, исто така, од Турција, биле повикани од април да почнат да извршуваат градежни работи на објекти на гостиварското подрачје. За нивната работа гостиварецот Е.М.(37) требало редовно да им исплаќа надомест. Но, пред извесно време Е.М. одбил да им исплати извесен паричен износ и им упатил закани, наведуваат од СВР Тетово.
По пријавата, гостиварската полиција работи на расчистување на овој случај и дали се работи за неисполнување на работните обврски или измама.
Коментарите се затворени.