Општина Гостивар ја отвори канцеларијата за иселеници
Гостивар, 10 јули 2023 (МИА) – Oпштински административци до крајот на летото ќе им помагаат на иселениците околу приемот на документи и ќе даваат совети за комунални прашања. Од локалната самоуправа информираат дека од денес (понеделник 10 јули) во Центарот за општински услуги што се наоѓа на приземјето на општинската зграда ќе функционира посебна канцеларија по едношалтерски систем со продолжено работно време.
– Во овој период од годината очекуваме поголем прилив на наши сограѓани кои работат во странство и сакаме да им олесниме при завршувањето на административни процедури. Работното време ќе биде од 08:00 до 18:00 часот, секој работен ден, а во сабота од 10:00 часот до 14:00 часот, информираат од општина Гостивар.
Локалната самоуправа со отворањето на оваа канцеларија на печалбарите им овозможува подобро информирање за услугите и до кои институции да се обратат. Канцеларијата изминативе години се отвора, во летниот период и околу новогодишните празници.
Коментарите се затворени.