Одбележување на 100 години од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме
Гостивар, 22 јули 2023 – Наредната недела во Ниќифорово, родното место на народниот херој од НОВ, Чеде Филиповски-Даме, со пригодна програма ќе бидат одбележани 100 години од неговото раѓање.
Организацискиот одбор на овој настан информира дека подготовките се при крај и дека покрај културно-уметничката програма се предвидуваат обраќања на претставници од државниот врв. За гостите кои дента ќе бидат во Ниќифорово предвидена е и посета на Спомен домот.
Одбележувањето на 100 години од раѓањето на овој Чеде Филиповски – Даме ќе започне во недела 29 јули во 10 часот. По предвидените обраќања и говорите за животот и делото на овој партизански борец во Втората светска војна, ќе биде прикажан и документарен филм. Во уметничкиот дел предвидени се и настапите на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ и солистот Владо Глигоровски. Чеде Филиповски е роден во Ниќифорово, гостиварско, во 1923.
Пред почетокот на војната работел како ѕидарски работник во Белград. Набрзо се вратил во Македонија и бил еден од организаторите на НОВ во Мавровскиот крај. Извршувал значајни функции во партизанското движење и бил член на АСНОМ. Загинал на 26 јуни 1945 година во сообраќајна несреќа во радовишко. Иако постојат сомнежи, погибијата и ден денес се води како несреќен случај. Постхумно е прогласен за народен херој на Југославија, а неговото име го носат повеќе улици и установи во земјава.
Коментарите се затворени.