Проектот „младинска школа“ на КК Гостивар продолжува во новата сезона со шест екипи
Гостивар, 26 јули 2023 – Во пресрет на новата натпреварувачка сезона, многу динамично е во штабот на КК Гостивар. Во овој период се прават подготовки за реализација на проектот „младинска школа“ со која се опфатени младите категории.
– Според плановите за новата сезона се очекува зголемување на бројката на млади кошаркари и таа да надмине. Минатата 2022/23 учествувавме со екипи во четири категории. За оваа што нè очекува планирано да се оди чекор понапред, односно да се пријават шест екипи, велат од клубот.
Звонко Михајлоски, одговорниот за проектот вели дека дополнително се работи на унапредување на организациските капацитети во насока на професионализација на младинските категории. Тоа, како што потенцира Михајлоски, го прави Гостивар да биде најголем кошаркарски младински центар во западна Македонија.
Подмладен е и тренерскиот кадар кој треба да напредува на индивидуален и тимски план преку семинарите кои ги организира клубот. Првиот веќе договорен за крајот на август.
Клубот веќе ги договори и тренерите. Младинските екипи ќе ги водат: Кирко Рафаиловски (М12), Предраг Димовски (М14), Горан Лазаревски (М16), Игор Ангелковски (М18), Денис Селими (М18) Петар Ангелов (Трета лига). Уписите за новата сезона се во тек, а подготовките ќе стартуваат на 3 август.
згм
Коментарите се затворени.