Тргна коњаница за Илинден во Крушево

Гостивар, 26 јули 2023 Со благослав и срдечни честитки по четринаесетти пат кон Крушево беа испратени учесниците на коњичкиот марш по повод Илинден. Годинава во коњицата учестуваат 15 членови на здружението „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“.

Според традицијата воспоставена последниве години, коњаниците пред да дојдат во Гостивар, поминаа низ селата Зубовце и Тумчевиште.  По заедничката молитва и благословот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар, коњицата го продолжи патот до манастирот „Свети Јован Бигорски“. Таму, утре со коњаниците од Струмица и Битола симоблично ќе положат заклетва, а монашкото братство ќе им го благослави патувањето.

Според предвиденото, коњаниците треба да пристигнат на прославата 10 дена Крушевска Република во Крушево каде традиционално се одбележува националниот празник 2 Август Илинден.

Коњицата ќе помине по рутата долга околу 200 километри, поточно патот по кој било пренесено првото црешово топче како поддршка на востаниците кои ја бранеле Крушевската република. Според програмата на организаторите, групата коњаници на 2 август ќе учествуваат на прославата 10 дена Крушевска Република.

Коментарите се затворени.