Галичани бараат помош за справување со мечките кои им шетаат низ село

Гостивар, 27 јули 2023 (МИА)  Месната заедница на село Галичник со допис до надлежните институции бара да се надмине проблемот со мечките кои се движат во околината и во селото. Одомаќинетите диви животни може да бидат и закана по локалното население и посетителите.

КОНТЕЈНЕР ЗА ОТПАД ВО ГАЛИЧИК ОД КОЈ МЕЧКИ СЕ ХРАНЕЛЕ ПРЕКУ НОЌТА

– Би сакале да ве известиме повеќе пати официјално сме се обратиле до  Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство и укажуваме на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник, стои во известувањето потпишано од Александар Костиќ претседател на МЗ Галичник. Галичани во овој период имаат „редовни посети“ од мечки со мечиња. Се појавуваат во доцните ноќни и раните утрински часови, поминуваат по местата за одлагање отпад, ги превртуваат контејнерите и се хранат со отпадоците. Сепак, како што наведуваат ваквиот „соживотот” со дивите животни може да има последици. Преку дописот до надлежниот инспекторат и другите институции, Костиќ бара чаре.

– Доколку имате искуство со вакви појави и постојат насоки за тоа како треба да постапиме, Ве молиме да не информирате. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението.

Последниот допис, како што се наведува, е испратен минатата недела на службениот мејл на Инспекторатот.

Коментарите се затворени.