Шалтерите за вадење пасоши и лични карти ќе работат во две смени
Гостивар, 3 август 2023 – Големите редици и гужви за вадење на пасоши и лични карти и возачки дозволи ќе се решаваат со двосменско работење на службите. Граѓаните своите барања и сликањето може да го прават и во попладневните часови до 19:30 часот.
За да се намалат редиците пред шалтерите во СВР Тетово и да се запази рокот, службите ги информираат граѓаните од гостиварското подрачје дека поради потребата од замена на постојните лични документи (лични карти, возачки дозволи и патни исправи) со нови, организациските единици за граѓански работи и шалтерите кои работат на примање барања и издавање на готови лични документи во ОВР Гостивар, започнаа со работа во две работни смени
– Граѓаните кои имаат потреба да ги завршат своите обврски поврзани со замена на личните документи, од сега ќе можат да ги реализираат секој работен ден до 19.30 часот. За потсетување, двосменското работење е веќе во функција и на шалтерите за граѓански работи и во СВР Тетово.
Замената на личните документи според законската обврска треба да заврши до 12.02.2024 година
Коментарите се затворени.