Во НП „Маврово“ убиени мечка и две мечиња (фото галерија: вознемирувачко!!)

Гостивар, 30 август 2023 –  Три единки на кафеава мечка се застрелани близу долнореканското село Жировница, пренуваат новинските агенции. Полицијата ќе води посебна истражна постапка за пронаоѓање и санкционирање на сторителот. Вестта ја соопштил државниот инспектор за животна средина на прес конференција на која меѓу другото рекол:

„Згрозени сме од веста дека во Жировница се убиени мечка и нејзините две мечиња, рече главниот државен инспектор за животна средина Сретен Стојковски на прес-конференцијата на која го презентираше шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот.

Како што пренесуваат македонските медиуми, Стојковски го посочил и податокот дека често во Инспекторатот добиваат пријави од граѓани дека непознати лица фрлиле отров за да убијат диви животни, што е недозволиво и казниво со закон.

„Чести се и пријавите за фрлен отров со цел несовесни граѓани да убијат кучиња скитници или мачки“, рече Стојковски, притоа посочувајќи дека тоа не е само криминален чин, не е само нехуман однос кон животните, туку и дека на тој начин може да се загрози животот на децата кои често играат во трева, но и на луѓето воопшто.

Во информацијата на ДИЖС се наведува дека извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на виш инспектор за природа од Одделението за инспекциски надзор во природата-Запад.

„Телата на застреланите мечки се пренесени во посебен ладилник на ЈУ НП Маврово, а при надзорот немало присутни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за шумарство и ловство“, велат од ДИЖС. Оттаму додаваат дека при вонредниот инспекциски надзор изготвиле Записник за констатација од страна на  при што ќе се води понатамошна инспекциска постапка, дополнувајќи дека од страна на полицијата ќе се води посебна истражна постапка за пронаоѓање и санкционирање на сторителот.

Според информациите на надлежните, утрово, во близина на селото Жировница, пред влезот во селото од страна на чуварската служба (ренџери), биле три отстрелани три мечки – женка со две мали мечиња.

Отстрелот и ловот на кафевата мечка во Македонија е забранет со закон и ова животно како загрозен вид е заштитен со закон.

Коментарите се затворени.