Санкционирани возачи кои управувале неисправни такси возила и комбиња
Гостивар, 30 август 2023 – Полицијата откри и санкционира возачи на девет возила кои вршат јавен превоз на патници низ полошкиот регион.Повеќето биле со неисправни сопирачки.
Од СВР Тетово информираат дека денес (30 август) од 7 до 12 часот била спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу патнички возила и комбиња.
– При контролата биле откриени и санкционирани 9 возила (Тетово-4 и Гостивар 5). Шест од санкционираните возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-3 и ГВ-3), едно возило имало (ГВ) неисправни светлосно сигнални уреди и едно (ГВ) неисправни други уреди, а едно имало истечена регистрација.Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, наведува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Во акцијата, санкционирани биле и 6 други видови прекршоци кои се однесуваат на ваков вид возила (ТЕ-1 и ГВ-5; како и 10 (ТЕ-5 и ГВ-5) други сообраќајни прекршоци.
Коментарите се затворени.