Почитувачите на НОАВМ и здружението на борци го одбележаа Денот на независноста

Гостивар, 8 септември 2023 – Со пригоден собир Здружението на борци и граѓани продолжувачи на традициите од Народно ослобителната антифашитичка војна (НОАВМ) го одеблежаа празникот 8- ми Септември.

Утрово со преставници на здружението и политичките партии положија цвеќе и оддадоа почит со едноминутно молчење пред платото на споменикот на паднати борци во градскиот парк. За значењето на Денот на независноста беше прочитан и пригоден реферат со кој беше потсетено на создавањето на македонската држава и стремежот на претходниците кои се бореле за независност.

На поглавните сообраќајници и повеќето институции се истакнати државното и знамињата на заедниците кои живеат во општина Гостивар.

згм

Коментарите се затворени.