Водосвет и литургија во чест на годишнината од осветувањето на Св. Eкатерина во Стенче
Гостивар, 17 септември 2023 – По повод годишнината од осветувањето на црквата посветена на Светата великомаченица Екатерина во селото Стенче утре (понеделник 18 септември) ќе биде отслужена света литургија.
Црковниот одбор во соопштение до сите верници во Бога ги покануваат да дојдат на одбележување на јубилејот.
– Со почеток во 8 часот ќе се одржи света литургија, а потоа ќе се освети вода и ќе се кршат кумските лебови.
Црквата „Св. Екатерина“ во Стенче беше осветена минатата година и настанот беше одбележан со дводневен собир. Таа е единствената во Полошката епархија која го носи името на Св. Екатерина.
Коментарите се затворени.