Новата песна „Пеј“ на Игор & Игор доби фантастичен спот (ВИДЕО)

Гостивар, 10 октомври 2023 – Дуото Игор Џамбазов и Игор Атанасовски повторно се актуелни под естрадното небо. Овој пат со гоооооолема причина. По неодамнешната промоција на албумот „Првите триесет“, Игор & Игор на нивните фанови и пошироката публика  им подарија и го објавија видеоспотот за песната „Пеј“.

Во етерот од вчера на 106, 4 Radio G се емитува новиот сингл со наслов „Пеј“. Песната е елегичен приказ низ музика и стих врз сурови блуз корени, така како што најмногу му лежи на нејзниот автор. Содржината е актуелна и е своевиден одговор на времето-невреме во кое го живемее. Музиката, текстот и аранжманот се Игор Атанасоски – Харе, а покрај главниот вокал на Џамбазов се слушаат и придружните на Тања Тас.

Харе ни кажа дека придонес во снимањето имаат Дамир Имери на клавијатури, и Мите Димовски кој освен за ударните иснтрументи, бил задолжен за продукцијата во неговото студио „Тралала“.

Видеото за песната го привлече вниманиеот на публиката и според првичните резулатати е едно најгледаните македонски спотови оваа недела. Како режисер и директор на фотографија на спотот се потпишува еден од најдобрите концертни фотографи кај нас, Стефан Рајхл и негов посериозен обид за видео продукција.

Во екипата која го работела спотот се вклучени и Николаи Грчаров, како втора камера и светло, Александар Пауновски – продуцент, Бранко Блажевски – монтажа и колор корекција, Катерина Ѓурчиновска – асистент на сет и Оливера Ристески која е заслужна за одличната шминка во спотот.

И додека ја гледаме и слушаме новата песна да потсетиме на следниот чекор на познатото музичко дуо. Нивниот целовечерен концерт е закажан за 21 октомври во Македонската филхармонија. Тоа ќе биде концертна изведба на материјалот од албумот „Првите триесет“. Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден.

Влезниците за концертот можат да се купат преку продажната мрежа на https://mktickets.mk/event/igor-i-guru-hare/

15

фото-фб Гуру Харе

Коментарите се затворени.