Три дена исполнети со спортување, другарување и хуманост во чест на д-р Трајче Нешковски

Гостивар, 16 октомври 2023 – Со доделување на благодарници и подароци за најдобрите учесници во турнирот во мал фудбал беа заокружени трите дена исполнети со спортување, другарување и хуманост во спомен на д-р Трајче Нешковски.

 

На последниот ден во салата на гостиварската гимназија се одржа турнирот на кој настапија осум екипи и ревијален натпревар на младинските категории на КК Гостивар.

Третиот меморијален турнир имаше хуманитарен карактер, а средствата од продадените влезници ќе бидат искористени за помош на социјално загрозени семејства.

Тридневните активности кои ги организираше Хуманитарното здружение „д-р Трајче Нешковски“ започнаа петокот со забава во клубот „BLWD“. Во саботата беше организирана крводарителска акција и спортски натпревари.

Трајче Нешковски почина ненадејно пред три години.

Коментарите се затворени.