На „Кроација рекордс (Croatia Records)“ ѝ е доделена „Повелбата на Република Хрватска“
Гостивар, 26 октомври 2023 – Croatia Records (Кроација рекордс) една од најзначајните дискографски куќа во регионот по повод 75-годишниот јубилеј од постоењето доби уште едно големо признание. Овој пат тоа дојде за придонес во унапредувањето на музичката индустрија во Република Хрватска. Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, му ја врачи Повелбата на Република Хрватска на директорот на Croatia Records, Желимир Бабогредац.
Во изјавата што ја пренесуваат хрватски медиуми Милановиќ тој упати и честика до уредниците и некогашните раководни лица на компанијата напоменувајќи дека многу од нив сé уште се доволно млади. активни и полни со амбиции за нови достигнувања
– Секоја работа, секоја човечка активност, ако е хумана и легална, има свое значење, своја мисија и цел“. Она што сега го наградуваме може да произлезе само од амбиција, лична човечка амбиција, од која, на крајот на краиштата, почнува сè“, рече Милановиќ.
Директорот на Croatia Records, Желимир Бабогредац во оваа прилика изјави:
„Ова е голем и значаен ден за сите наши вработени кои ги изградија Југотон и Croatia Records. Овој убав гест и признание по повод нашата седумдесет и петта годишнина не обврзува на понатамошна посветена работа, која особено се однесува на помладите генерации кои допрва доаѓаат. Одржувањето на темпото и високите деловни вредности поставени од претходниците не е воопшто лесна задача. Croatia Records успеа да ја задржи широчината на комплетниот каталог, од детски изданија, преку поп и рок до класика. Денес објавува околу 200 албуми и компилации годишно. Бројните изданија припаѓаат на самиот врв на најпродаваните домашни албуми и се резултат на креативното управување на компанијата и слушањето на пазарот, а богатата архива со над 90.000 фонограми е зачувана на новите медиуми за во иднина.“
Radio G од минатата година соработува со Croatia Records и во тоа име им упатува најсрдечни честитки на виското признание.
Да потсетиме дека Croatia Records годинава, во чест на 35 години од издавањето на култниот албум „Као какао“ на Леб и сол, објави луксузно винилно реиздание, кое е меѓу најпродаваните во целиот регион за 2023-та година.
згм
ФОТО: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Ана Марија Катиќ, Дарио Андришек
Коментарите се затворени.