Започна Училишната спортска лига со натпреварите во мал фудбал

Гостивар, 26 октомври 2023 (МИА) – Екипите за мал фудбал од основните училишта во општина Гостивар ги започнаа натпреварите училишната спортска лига по што најдобрите ќе обезбедат учество на зонските натпревари на училиштата од Тетово, Гостивар и Маврово и Ростуше.

Натпреварите се одигруваат во спортската сала во селото Дебреше и на нив со свои екипи се пријавени ОУ „Прпарими“ од Чегране; ОУ „Форина“ од Форино, „Чајле“ од Чајле; градските училишта „Гоце Делчев“, „Исмаил Ќемали“ „Мустафа Кемал Ататурк“ „Фаик Коница“ од Дебреше и „Лирија“ од Равен.

Вилдан Салиу, претставник на Лигата на училишни спортови од Гостивар напомена дека покрај спортските активности ваквите настани служат и за запознавање и дружење меѓу учениците, вклучувајќи ги и двата пола и сите етникуми.

Овие денови, напомена Салиу, освен во мал фудбал девојчињата и момчињата ќе се натпреваруваат и во ракомет, кошарка, атлетика и одбојка.

згм

Коментарите се затворени.