Миа Димшиќ го издаде Monologue првиот албум на англиски јазик
Гостивар, 8 ноември 2923 – Миа Димшиќ една од најпопуларните млади кантавтори во регионот е повторно актуелна. Таа издаде нов албум со наслов „Монолог“ (Monologue), под етикетата на Croatia Records, и веќе е достапен на стриминг платформите. На 106,6 Radio G од утре ќе се слуша насловната тема во побрз ритма Monologue (Highway version).
Ланската претставничка на Хрватска на Евровизија со Guilty Pleasure (Eurovision), Миа Димшиќ токму на нејзиниот роденден го објави својот нов албум, воедно и прв на англиски јазик. „Монолог“ ја истакнува како талентираната пејачка и текстописец во ново светло, со песни на англиски јазик поддржани од добро координиран тим: Миа, Дамир Бачиќ и Вјекослав Димтер.
Таа за „Монолог“ ќе каже дека е остварување на голем сон и сите песни на него се напишани во последните две години, а во имагинацијата тој се вртел многу подолго.
– „Монолог“ е именуван по неговата прва и последна песна, но и идејата дека секоја песна што ја пишувам е дел од мојот постојан внатрешен монолог. Некогаш е тажно и деструктивно, понекогаш еуфорично и наивно, понекогаш е сосема случајно, но на крајот на денот, сè што е важно за мене е дека тоа е искрено. Се надевам дека тоа ќе го почувствуваат и слушателите – вели Миа за албумот.
„Монолог/ Monologue“ веќе е достапен за слушање на сите стриминг платформи.
Коментарите се затворени.