Купила стан од газда-измамник
Гостивар, 12 јануари 2024 – Гостиварска пријавила несекојдневна измама во полиција. Таа му дала поголема сума пари на лице за кое се покажало дека не е сопственик на стан кој сакала да го купи.
Според информацијата на полицијата, четириесет и едногодишна гостиварка вчера (11 јануари) пријавила дека од извесен гостиварец купила двособен стан.
– Од него добила клучеви за станот и му ја платила договорената сума. По извесно време кај пријавителката дошле неколку други лица и ѝ кажале дека станот не е сопственост на лицето што претходно ѝ го продало. Откако сфатила дека е измамена, случајот го пријавила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од СВР Тетово.
Коментарите се затворени.