Споменикот на Јосиф Багери не ја помина „бадентеровата рампа“ (ВИДЕО)

Гостивар, 6 март 2024 – Споменикот на Јосиф Багери ќе чека на мнозинство преку „бадентеровиот принцип“. Одлуката за поставување на спомен обележје овој културен деец, од албанско потекло е повлечена откако комисијата најде пропуст во процедурата и да даде толкување и мислење, таа да биде повлечена.

Целата дискусија околу оваа точка може да се погледне при крајот на снимката од 32-та седница советот на следниот линк

https://fb.watch/qGwsLsxFEr/  Почнува на 1час и 35 мин (1:35)

На последната седница се отвори дискусија, откако советникот Лек Далипи (ДУИ) побара дополнително образложение од колегите кои ја оспориле постапката за необјавување во службениот гласник.

– Иако сум свесен за демократските инструменти и „бадентеровото мнозинство“ нејасно ми е зошто Македонците не ја поддржаа оваа иницијатива иако Јосиф Багери не се поврзува со постапки и делување кои биле на штета на други националности. Зошто е проблематичен за македонската заедница, праша Далипи.

Ема Нешковска (СДСМ) во дискусијата напомена дека уште на 30-та седница кога беше ставена на гласање предлог одлуката за поставување на споменик на Јосиф Багери, во рамки на Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја, одлуката мора да се донесе со почитување на принципот на „Бадентер“, односно за одлуката да гласаат мнозинство членови на совет кои не се мнозинско население во општината.

– Тогаш реагирав и побарав да се провери дали одлуката е усвоена, а притоа да се има предвид „бадентеровото мнозинство“. Укажав на тоа дека оваа област (културата) е опфатена со два закони и ако не се почитува ќе бидеме доведени во ситуација, Советот на општината да донесува одлуки спротивно на Законите. На тој начин ги прекршуваме процедурите, рече Нешковска.

На прозивката од Далипи во дискусијата се вклучи и Гоце Димовски советник и претседател на комисијата за нормативни и правни прашања, посочи дека тој се обидел со актуализирање на ова прашање да придобие политички поени.

– Јас разбирам дека е во ек‘ е предизборната кампања и дека на ваков начин може да собереш некој поен. Но морам да укажам и како координатор на советничката група и како претседател на комисијата, дека секогаш кога увидам дека не се испочитувани законите, согласно на моите овластување ќе реагирам, рече Димовски.

Претседателот на советот, Ваљбон Лимани ја заокружи дискусијата дека со констатација дека во скоро време повторно ќе се разгледа барањето и ставено на дневен ред со обезбедување на сите правни и други предуслови.

На седница кон крајот на јануари на предлог на локалната самоуправа беше изнесен предлог со кој во малиот парк до зградата на локалната самоуправа во Гостивар е превидено поставување на спомен обележје во малиот парк близу општинската зграда.

За одлуката која изгласана на 30-тата седница општинскиот Совет, во рамки на Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја, советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани.

Од биографијата за Јосиф Багери (1870-1915) се знае дека е поет и општественик, еден од најистакнатите албански културни и општествени дејци кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Роден е во православното семејство на Јован Багери во с. Нистрово, Долна Река.

 

Коментарите се затворени.