Таравари на ифтарска вечера со децата со посебни потреби

Гостивар, 21 март 2024 (МИА) – По повод 21 март – Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, гостиварската локална самоуправа вечерва организираше заедничка ифтарска вечера за децата со посебни потреби, нивните родители, негувателите и претставници на иснтитуции и здруженија кои работат со оваа категорија лица.

Домаќин на вечерата во ресторанот „Вита Аби“ беше претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари.

– Овој ифтар е посебен кога сте во друштво на оние кои ни даваат бескрајна енергија и добрина напиша Таравари на неговиот фејзбук профил.

Заедничката вечера во рамазанските пости, изминативе години е традиционална изминативе неколку години како дел од активностите на локалната власт да засили интеграцијата на лицата со попречености.

згм

Коментарите се затворени.