ВМРО ДПМНЕ во коалиција со 24 партии на претстојните избори
Гостивар, 30 март 204 – Претставници на политички партии вчера ставија потпис за влегување во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Твоја Македонија“. Станува збор за најбројната коалиција досега составена од 24 политички субјекти и организации кои, како што порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија. Меѓу позначајните партнери кои ставија потпис се: Павле Трајанов, Стојанче Ангелов, Љубе Бошковски, Петар Богоевски и Солза Грчева.
За убедлива победа, Мицкоски повика и на масовна излезност.
– Денес праќаме јасна и недвосмислена порака да се излезе и да се гласа на претстојните избори затоа што седењето дома е глас за оние што речи си седум години не направија ништо, напротив, за однесоа Македонија наназад, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Кои од новите коалициски партнери ќе добијат свој пратеник во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе открие на конвенцијата за промоција на пратеничките листи.
Највисоките партиски органи вчеравечер ги утврдија пратеничките листи кои ќе се промовираат утре. Првата изборна единица ќе ја предводи партискиот лидер Мицкоски, втората Мисајловски, третата Ковачки, четвртата Николовски, петата Сајковски, а шестата Дафина Стојаноска.
Коментарите се затворени.