Нова дигитална услуга на Електродистрибуција: Барањето за приклучок отсега и онлајн

Гостивар, 1 април 2024 –  Со новата услуга Електродистрибуција воведува целосна дигитализација на процесот на приклучување на електродистрибутивната мрежа. Сите корисници кои имаат потреба од нов или реконструиран приклучок отсега нема потреба да ги посетуваат приемните канцеларии. Процесот на приклучување ќе се одвива комплетно онлајн на новата Е-платформа на Електродистрибуција.

– Е-платформата пред сè на корисниците им заштедува на време и трошоци. Понатаму, во текот на постапката, тие имаат целосен и транспарентен увид во постапката за приклучување. Во секој момент можат да го погледнат актуелниот статус на реализација на барањето, а одобрувањето на документацијата е електронско – брзо и едноставно. Корисниците имаат пристап до сите документи поврзани со барањето и ќе добиваат навремени известувања за промена во статусот на барањето на е-пошта и во рамки на корисничкиот профил на е-платформата, наведуваат од ЕВН Македонија.

Поднесувањето на барање за нов приклучок е лесно и едноставно. Најпрво, корисникот што има потреба од приклучување на мрежата треба да креира профил со валидна е-пошта и лозинка за оваа намена. Профилот треба да се активира на линкот што ќе пристигне на е-поштата. Следен чекор е најава со внесување на е-поштата како корисничко име и лозинката. За започнување на процесот се одбира опцијата – „Поднеси барање“ и се следат понатамошните чекори.

 

Коментарите се затворени.