Полицијата констатира недостатоци и оштетена сообраќајна сигнализација
Гостивар, 3 април 2024 – Оштетени сообраќајни знаци, семафори и лоша состојба на коловозите биле регистрирани на неколку сообраќајници низ Гостивар и околината биле констатирани во контролите кои ги направила сообраќајната полиција. За состојбата биле информирани и службите на локалната самоуправа и било побарано во скоро време да се поправат.
Во соопштението на СВР Тетово се наведува дека во март, полициски службеници од СВР Тетово – Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар заедно со инспектор – раководител на Одделение за сообраќајни работи во општина Гостивар извршиле теренски извидувања на пофреквентните улици и сообраќајници.
– Утврдени и фотодокументирани се сите недостатоци и оштетувања на сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, како што се сообраќајните знаци, обележувањата на пешачките премини и полните и прекинатите линии, состојбата на светлосните сообраќајни знаци (семафори), како и за состојбата на коловозите, стои во соопштението.
За констатираната состојба е сочинет записник и до надлежните институции за одржување во општина Гостивар.
До нив е доставено известување и побарано е во најбрз можен период да се отстранат сите недостатоци за да се овозможи нормален и проточен сообраќај и безбедно движење на возилата и пешаците. За непостапување по укажувањата, од СВР Тетово најавуваат и соодветни законски поднесоци.
Коментарите се затворени.