Силјановска-Давкова: Политиката мора да биде секогаш и во границите на правото.
Гостивар, 12 април 2024 (МИА) – Политиката мора да биде во границите на правото, а не обратно правото да им биде потчинето на политичарите рече кандидатка за претседател во обраќањето на митингот во Гостивар и посочи дека таа ќе делегира стручни судии со интегритет во Уставниот суд, дипломатијата и безбедносните служби. Таа вечерва од говорницата ги критикуваше и одлуките на нејзиниот против кандидат.
– Кој не знае, не може да биде во политиката, бидејќи тогаш ќе презема потези и ќе носи одлуки како онаа кога си го потпиша указот за измените на Кривичниот законик, а деновиве кога точно тој закон ја персонифицира, го персонифицира значи хибридниот режим, циклистичниот хибриден режим, јасно е за што станува збор, рече Давкова Силјановска.
Кандидатка за шеф на државата ја побара поддршката од гостиварци и најави победа.
– Оваа власт е целосно делегитимирана затоа што наместо да ги остварува интересите на граѓаните, наместо да дава одговори соодветни на нивните прашања таа ги трупа прашањата, затоа што потребите интересите за добро здравство, образование, социјална заштита, правна држава независно судство, борба со корупција сè што е копенхагенски критериум не остварила. И што сакаат сега повторно, мене не ми е јасно, рече Гордана Силјановска-Давкова
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја претстави кандидатката на коалицијата како класичен прототип на горда Македонија.
– Таа борец во македонскиот парламент која заедно со колегите останаа доследни во борбата за Македонија и не го прифатија бугарскиот диктат, посочи Мицкоски.
Тој зборуваше за владеењето на СДСМ и носењето на одлуки кои биле, како што рече на шета на македонскиот народ.
– Секогаш кога имаме влада од СДСМ има директен удар врз македонскиот идентитет, затоа мора да се потсетуваме да не се заборави, рече Христијан Мицкоски,
Тој од говорницата жестоко ги критикуваше ДУИ, коалициските партнери на СДСМ во владата и се повика на принципот „како до сега“
– Сакам да предупредам што се случува изминативе дваесет години. Овој принцип значи наместени тендери во 4 очи, повеќе имот на семејството на Груби низ Македонија, уште некоја натпревар во раскошните кабинети кои вие ги плаќате, уште некоја нова Соравија, уште некоја нова хациенда“, кажа Мицкоски.
Повикувајќи на поголема излезност и до оние што сè уште се неопределени, Мицкоски апелираше дека граѓаните дека имаат можност на 24 април да заокружат број два и оти ништо нема да има од „до сега“ реченица која ја кажа Али Ахмети сугерирајќи му на Димитар Ковачевски при одговор на новинарско прашање на една прес конференција.
Претседателот Мицкоски се осврна и на Стево Пендаровски и неговата реторика на средбите со граѓаните и митинзите.
– Пред три дена, Пендаровски ја кажа целата вистина содржана во неговото битие, излезе пред граѓаните и рече – се сеќавате 2019 дека ви реков ќе победиме, и им вели ако не водиме во првиот круг очи не сакам да ви видам. Е тоа е Стево кој немаше да знае каде е Македонија, тоа е тој кој повеќе од 30 години функционира на македонската политичка сцена и е измеќар и слеп послушник“, вели Мицкоски.
Мицкоски му порача на Пендаровски дека народот со заокружување на број 2 на 24 април ќе му помогне да почне со пакување, а на 8 мај веќе да ја напушти Македонија.
Вечерва на митингот во Гостивар зборуваше Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, нејзиното обраќање ќе го прочитате тука
https://radiogostivar.com/?p=9088
згм
Коментарите се затворени.