Дафина Стојаноска: „Гордана Силјановска Давкова како претседател ќе покаже дека е возможно да се направи дистанца помеѓу државата и партијата
Гостивар 12 април 2024 – Кандидатот за пратеник и носител на листа во ИЕ6 Дафина Стојаноска во обраќањето на предизборниот митинг во Гостивар даде слика за кандидатката за шеф на државата, Гордана Силјановска Давкова и направи споредба со актуелниот претседател.
– На самиот почеток, би одвоила само 0,2 проценти од моето обраќање за кандидатот со истиот рејтинг. Доста ни беше од слика без глас! Доста ни беше од пишман-аџијата Стево, рече Стојаноска и напомена дека Пендаровски ништо не стори за младите и за возрасните.
– Не реагираше пред ниеден скандал и криминал, и нè изрезили секаде кај што се појави, а и таму каде што не се појави. Ќе го запаметиме како најнемиот Претседател и како Претседател кој ниту еден ден не беше наш … Беше од Бојко, беше од мафијашите во Владата, ама наш – никогаш не беше! Доста е од резил-Стево! Затоа, на 24-ти април да му ги собуеме чевлите, а на 8-ми мај, усвет нека фати! Да го попратиме кај неговите, подвлече Дафина Стојаноска.
Таа во говорот се осврна и на соработката која ја имале со кандидатката додека работеле во парламентот и ја пофали нејзината стручност и посветеност.
Таа пред гостиварци ги отфрли етикетите на противкандидатите кои како што рече, обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ од типот – албанофоби, антиевропејци и без капацитет за коалицирање после изборите.
– Овде пред сите вас, ги отфрлам како лажни, кукавички и како обиди на губитници. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, заедно и со професорката Силјановска Давкова, никогаш и со ниту еден збор или преземен чекор, не направиле никаква дискриминација, и по ниту еден основ. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги обвинила сите Албанци за криминал и корупција. Ние го обелоденуваме криминалот на раководните лица во ДУИ кој е една од причините што, посебно во нашиот регион, има масовно иселување на чесен, работлив народ, без разлика на неговата припадност, рече Стојаноска.
Таа повика на масовна излезност на изборите и порача:
– Да не дозволиме на 24-ти април и на 8-ми мај повторно да направиме грешка. Таа ќе ни покаже како треба да се биде гласен, борбен и претставителен претседател. Да ја направиме сите заедно Македонија пристојна и достоинствена. Македонија без понижувања и национални предавства. Македонија – земја на среќни и успешни луѓе.
Коментарите се затворени.