СДСМ отвори изборен штаб во Циглана за поддршка на Стево Пендаровски

Гостивар, 12 април 2024 – Во рамки на предизборните активности ОО СДСМ Гостивар отвори предизборен штаб во населбата Циглана. На настанот покрај раководството на гостиварската партиска организација, присуствуваа и кандидатите за пратеници во 6 ИЕ, Славјанка Петровска и Ема Нешковска.

Меѓу гостите кои зборуваа пред жителите на Циглана беше и првиот човек на ЈП „Македонија пат“ кој за партискиот ангажман на сопартијката Нешковска посочи: Многумина ветуваат, ама има и такви кои веруваат во луѓето и исполнуваат. За Ема Нешковска, зборот е збор.

Тој во обраќањето потсети како била реализирана идејата да се асфалтира и патот до манастирот „Св. Преображение Христово“

Видеото од отворањето и дел од обраќањата го постави Фејсбук профилот на Ацевски и може да се погледне тука

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=10232418796880942&id=1486662404&rdid=T9OaIuo80noXhIHY

Коментарите се затворени.