Ема Нешковска: Да гласаме за европска иднина и европска Македонија (ВИДЕО)

Гостивар, 22 април 2024 – На крајот од предизборната кампања за претседателските избори, кандидатка за пратеник од редовите на СДСМ во ИЕ 6, Ема Нешковска преку видеопорака ги повика гостиварци да гласаат на 24 април за кандидатот Стево Пендаровски.

– Од сето она што беше презентирано и промовирано, јасно е дека единствениот кој има искрени намери, јасна визија и цел Македонија да биде дел од европското семејство е Стево Пендаровски! Стево е човек кој во изминатите 5 години, многупати покажа и докажа дека е претседател за сите граѓани и дека за него, разлики не постојат, вели Нешковска.

Таа во пораката се осврна на важноста да се излезе на гласање и како што вели, важноста на овие избори.

– Пред нас е важна одлука. Одлука со која бираме во каква Македонија сакаме да живееме ние и нашите деца. Одлука со која ќе избереме дали сме за напредок и прогрес, рамо до рамо со најразвиените држави, почитувани и ценети како Македонци или одлука со која ќе избереме изолација, деструктивност, кочење на процесите и враќање многу чекори назад. Државата не заслужува изолација, туку интеграција! Тоа го заслужуваат нашите граѓани и идните генерации, потенцира Нешковска.

Видеопораката може да погледнете на линкот подолу

https://www.facebook.com/1609004723/videos/295460120268542/

Коментарите се затворени.