Стојаноска на средби со граѓаните и членови на ограноците на коалициските партнери
Гостивар, 28 април 2024 – Носителката на листата за пратеници во Изборната единица 6 од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во рамки на предизборната кампања оствари повеќе средби со граѓани и членови на партиски ограноци кои се дел од коалицијата „Твоја Македонија ВМРО ДПМНЕ“.
На средбата во селото Тумчевиште, Стојановска се заблагодари на поддршката во првиот круг на претседателските избори. Таа напомена дека ова село е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Според неа таму била остварена победа од 6 : 1 во гласови и побара победата на 8 мај да биде уште поубедлива.
Средбите во текот на вчерашниот ден продолжија со жителите од Галате, Врапчиште и Зубовце на кои им порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ви ги врати достоинството и надежта.
Стојаноска имаше разговор и со Ердоган Сарач од Движењето за национално единство на турците, кандидат за пратеник на четвртото место од листата. На средбите со повеќе мали стопанственици побара поддршка, за како што рече победа на претстојните претседателски и парламентарни избори. Поддршка доби и од заедницата на Македонците муслимани.
Коментарите се затворени.