Гостиварка со нож ја искажала лутината врз две крави на човек со кого се скарала

Гостивар, 4 мај 2024 – Гостиварка завршила во полициска станица откако била пријавена за напад со нож врз две крави и упатени закани кон жител на Здуње, гостиварско. Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи жена од Гостивар е задржана откако претходно била пријавена за дека упатување на закани и агресивно однесување кон 23 годишен жител на Здуње.

Неофицијално, жената С.Ѓ. (46) имала претходни недоразбирања со таткото на пријавувачот. Револтирана од односот, вчера се упатила кон неговиот дом каде по расправијата влегла во шталата и со нож повредила две крави.

– Во ОВР Гостивар била лишена од слобода С.Ѓ.(46) од Гостивар. Таа се сомничи дека во гостиварско Здуње, во штала сопственост на 48-годишен жител на селото, со остар предмет повредила домашни животни. Во 19.00 часот била пријавена и од 23-годишен жител на истото село дека во дворот од неговата семејна куќа агресивно се однесувала кон него и се обидела да го нападне со остар предмет, вели портпаролот Реџепи.

С.Ѓ. е задржана во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Коментарите се затворени.