Пендаровски: Младите знаат дека бев и секогаш ќе бидам нивен сојузник

Гостивар, 4 мај 2024 (МИА) – Кандидатот за Претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, во активностите за предизборната кампања, денес во Гостивар оствари средба со членовите на локалниот клуб на социјалдемократската младина на Македонија и со граѓаните имаше неформално дружење и разговори.

На кафе – дружењето со младите во кафулето „Бејби Блу“ Пендаровски порача дека државата не треба да се враќа назад, туку да продолжи по патот на просперитет и развој.

– Потребно е да обезбедиме подобри услови за живот на сите. Ако сакаме младите да бидат двигатели на позитивните промени во општеството, мора да создадеме услови за нивен личен и професионален развој. Младите знаат дека бев и секогаш ќе бидам нивен сојузник и дека бројот 1 им гарантира просперитетна иднина дома, во татковина која ќе се развива по европски стандарди и вредности, рече Пендаровски.

Тој ги искористи средбите и уште еднаш од гостиварци побара да го поддржат во вториот круг на изборите на 8 мај.

 

Коментарите се затворени.