ОО СДСМ организира Велигденска забава на плоштад (ВИДЕО)

Гостивар, 5 мај 2024 – Во рамки на предизборните активности, ОО СДСМ Гостивар утре на градскиот плоштад ќе организира Велигденска забава на која се покануваат сите гостиварци, без оглед на нивната етничка и верска припадност. Поканата во име на ОО СДСМ ја испрати кандидатката за пратеник во ИЕ6, Ема Нешковска во видеопорака.

– Да го направиме градскиот плоштад во Гостивар огледало на мултикултурализмот со реален приказ на соживотот и заедништвото, вели Нешковска.

Празничната атмосфера ќе биде дополнета со пригодна програма и маскоти на ликови од детскиот анимиран свет. Почетокот на забавата е закажан за 12:30 часот.

 

Коментарите се затворени.