Ема Нешковска со оценка за текот на предизборната кампања и повик за гласање на 8 мај (ВИДЕО)
Гостивар, 6 мај 2024 – Кандидатката за пратеник во ИЕ6, Ема Нешковска во видеопорака го оцени досегашниот тек на предизборната кампања и ги повика гостиварци да излезат на гласање на 8 мај.
– Ве повикувам и ве охрабрувам да го дадете вашиот глас за поддршка на бројот 1 и за парламентарни и за претседателски избори. На Македонија ѝ е потребен силен СДСМ кој ќе гарантира сигурност и стабилност на државата. Јас верувам и знам дека во СДСМ има мудри и храбри луѓе кои можат да понудат подобра иднина за нашата Македонија. Не се откажуваме од иднината и не се откажуваме од Македонија, затоа што немаме време за изгубени години и пропуштени шанси, рече Нешковска во обраќањето.
Во видеото подолу и на линкот, може да го погледнете во целост нејзиното обраќање.
https://www.facebook.com/1609004723/videos/1178574469825169/
Коментарите се затворени.