Црковно-народен собир во Сушица, ќе се освети параклисот Св. Никола
Гостивар, 13 мај 2024 – Црковниот одбор од селото Сушица и иницијативниот одбор за обнова на долна црква Св. Никола по повод осветувањето на параклисот упатија отворена покана до сите православни христијани да присуствуваат на светиот чин.
Во недела 19-ти мај во 10:00 часот во селото Сушица, гостиварско ќе започне чинот на осветувањето, по што ќе се одржат богослужба, водосвет и ќе бидат прережани славските лебови со паричка за кумство.
– Ќе ни претставува особена чест и задоволство да го збогатиме овој богоугоден ден со вашето присуство на овој свет чин, се наведува во поканата на иницијативниот одбор.
Собирот и свеченоста ќе бидат збогатени со музичка програма и настапите на Панче Дабески, Христијан Ефрески и Јована Богдановска.
Коментарите се затворени.