Младите таленти на „Дунек“ со премиера на „Царот нај“ во четврток

Гостивар, 15 мај 2024 – Најновата театарска претстава во продукција на Центарот за култура „АСНОМ“-Гостивар „Царот нај“ ќе ја има премиерата утревечер (четврток). Ова драмско дело е инспирирано од текстот „Кралот Кускуле Први“ на еден од најпознатите писатели во Македонија, Васил Пујовски.

 

– Ги покануваме нашите гостиварци, особено љубителите на театарската уметност да нè видат и да ги поддржат новите и млади таленти, на драмското студио Дунек, стои во поканата.

Режијата на претставата „Царот нај“ е на Ѓорѓи Нешкоски, техничко водство на Александар Нешкоски, костимографијата и декор на сцена – Теодора Волческа.

  • Актерската екипа ја сочинуваат: Михаил Иваноски, Давид Кипровски, Анастасија Антеска, Горазд Јовчески, Кристина Мицоска, Надица Дрецкоска, Матеа Милошеска, Михаела Ивковиќ, Дамјан Ангелов и Матеј Андријески. Премиерата е закажана за во четврток (16.05.2024) во 20:00 часот. Предвидени се и две изведби за училиштата ќе се одржат во утредента (петок) од 13:00 часот и 16:30 часот. Влезницата за премиерата чини 100 денари.

 

Коментарите се затворени.