Ања Рупел (Anja Rupel) со нов сингл „Gdje je ljubav“ во дует со Бојан Јамброшиќ

Гостивар, 15 мај 2024 – По минатогодинешниот „кам-бек“ на концертните сцени, Ања Рупел повторно влезе во студио со својот тим и неодамна ја издаде новата песна „Gdje je ljubav“ (каде е љубовта), која всушност е дует со реномираниот пејач Бојан Јамброшиќ.

И покрај тоа што двајцата музичари првпат се сретнаа само за време на снимањето на песната во Љубљана, резултатот беше балада исполнета со посебен вид на заедничка магија, баш како за сите дуети кои оставаат впечаток. Слушателите на Radio G, од денес ќе можат да го слушаат новотото дискорафско остварување на Рупел на 106,4 и онлајн платформите.

– Многу сум среќен што можам да работам со легендарната пејачка Ања Рупел – изјави Бојан.

Ања, пак, беше воодушевена од крајбрежната локација на која е снимено видеото: – И јас и Бојан бевме воодушевени од местото Випавски криж, вели Ања.

Ања Рупел, која кариерата ја започна во Југославија со групата Видеосекс. Досега има снимено неколку дуети (Давор Гобац, Хари Мата Хари, Тоше Проески), но публиката најдобро се сеќава на соработката со македонскиот музичар Тоша Проески во песната „Крајње време“, која силно одекна во сите земји од регионот.

 

Коментарите се затворени.