Гостиварското срце нагрна државно знаме и „зачука“ на кирилица во чест на Кирил и Методиј
Гостивар, 20 мај 2024 – Советничката Ема Нешковска со поддршка на сопартијците од советничката група на СДСМ во општинскиот совет покренаа и реализраа иницијатива за боење и испишување на срцето на монументалниот натпис (I love Gostivar) на кејот со симболи од македонското знаме и македонската азбука на кирилско писмо.
Нешковска наведува дека претходно било испратено барање до локалната самоуправа „во името на советничката група на СДСМ“ да се одобри и на монументот да се нацрта македонското знаме и испишат букви на кирилско писмо, во чест на сесловенските просветители браќата св. Кирил и Методиј“.
– Родољупци и следбеници на делото на св. Кирил и Методиј денес ја испишаа азбуката на кирилица и глаголица на срцето од буквите Гостивар во градскиот парк. Ваквата активност е иницирана во пресрет на 24-ти мај, денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи, меѓу кои и македонскиот, наведува Нешковска.
Таа потсети дека заради значењето на делото на двајцата апостоли, 24-ти мај е прогласен за државен празник. Покрај одбележувањето на овој ден, со цртањето на знамето, нагласува Нешковска се чествува и 15-ти мај, денот на македонското знаме, со порака за важноста од почитувањето на државните симболи и обележја.
Коментарите се затворени.