Полетаа матурантските шапки во СЕОУ, промовирана генерацијата 2020/24
Гостивар, 4 јуни 2024 – Последната генерација матуранти 2020/24 на Средното економско општинско училиште Гостивар (СЕОУ) беше промовирана на пригодна свеченост пред учениците, нивните блиски, наставниот кадар. Крајот на стручното образование 56-те средношколци го означија со симболично фрлање на шапките во дворот на училиштето и ги примија првите честитки.
Директорот Михајло Ѓиноски на матурантите во кусото обраќање напомена дека му претставува особена чест и задоволство што во име на колективот во средното економско училиште може да им посака среќа и успех во понатамошен живот.
– Четири поминаа многу брзо, сите денови беа различни, исполнети со убави нешта, изненадувања и предизвици пред кои сите заедно излеговме поуспешни и поискусни. На секој од вас успеавме да пренесеме знаења кои се надевам ќе одлучите и понатаму да ги надградувате во некој од факултети во земјава и низ светот. Животот ќе ве однесе во различни правци, но сигурен сум дека секогаш ќе се сеќавате на средношколските денови поминати тука. Ви посакувам многу среќа во вашиот живот и исполнување на сите желби и поставени цели. Се гледаме во некоја следна прилика, ви посакувам се најдобро, рече директорот Ѓиноски.
На завршната церемонија и промовирање на матурантите, најуспешните ученици на генерацијата Ајбер Махмути, Лена Павловска и Гонџа Сулејмани им беа врачени признанија.
Според некои податоци, првата генерација на матуранти од ова стручно училиште излегла во 1960 година.
Коментарите се затворени.