Гостивар, 9 јуни 2024 – Утре (понеделник 10 јуни) ќе биде празник за љубителите на детската музика. Во центарот за култура „АСНОМ“ ќе настапат овогодишните учесници на фестивалот за дестска забавна музика „Јаболчиња“
– Гостиварци за прв пат ќе имаат можност да слушнат музички содржини отпеани од дечиња од Тетово, Гостивар, Скопје и Македонски Брод. На фестивалот ќе се изведат 14 песнички со детски, родољубиви и мистични содржини, вели уметничкиот директор и композитор Никола Димовски-Т’мница.
Текстовите и некои од композициите ги напиша Слободанка Ничевска виолинист во МОБ. Еден од текстовите кои ќе се пеат е дело на Драган Матески.
Овогодишниот избор на песни се дело на (композиција и аранжман) Никола Димовски-Т’мница од Тетово, кој раководи со фестивалот речиси три децении.
Фестивалот започнува во 13:00 часот. Влезниците може да се купат во книжарниците „Култура-Гост“ и сендвичарницата „Смајл“.
Песните ќе ги отпеат младите таленти:
Јана Јанкулоски – Прваче маче
Лука Мартиноски – Коли и мотори
Ана Вероника Никодиновска – Мојата фамилија
Иван и Петар Наумовски – Пекари
Ема Тодороска – Брза географија
Ана Марија Тасевски – Маче
Ведран Илиевски – Мојата симпатија
Ива Драгановска – Пат околу светот
Мирослава Димковска – Најдобри другарки
Мила Мишовска – Ирис
Зорана Г рујеска – Прва љубов
Јана Г авровска – Ајде да се дружиме
Антонија Смилкоска – Македонија
Нина Ничевска – Мистерија.
Коментарите се затворени.