Љубе Цветкоски (Luyo) ја објави новата песна „Ризик“ (ВИДЕО)

Гостивар, 18 јуни 2024 – Деновиве, младиот гостиварски артист Љубе Цветкоски ака (Luyo) ја објави својата најнова песна. Ова негово четврто авторско дело со наслов „Ризик“ доби атрактивно видео. Новиот сингл Luyo музички и аранжмански стилски е „трап“ и текст кој цели на помладата генерација.

За новата песна е снимен видеоспот во кој покрај Љубе има уште петнаесетина статисти. Во видеото особено е атрактивна локацијата (старата фабрика-Циглана) и „дрифтањето“ кои во видеообјектитвот ги залови младиот снимател Давид Анастасоски од DNA production. Музиката и текстот за „Ризик“ се дело на Љубе Цветкоски (Luyo) и снимана е во неговото студио.

Цветкоски, кој е студент на медицина, на музичката јавност преку RADIO G го запозна со синглот/дует со Теди – „Ноќва“ и „Тип-Топ“. Тој со авторска музика се занимава поактивно се занимава последниве околу две години.

Видеото за „Ризик“ за кусо време има речиси седум илјади прегледи на „Јутјуб“ каналот „Luyo“, а може да се види и слушне повеќе стриминг платформи. Во разговорот за Радио Џи/Radio G Љубе открива дека наскоро ќе објави нова песна која стилски ќе се разликува од претходните и ќе биде во современ „deep house“ манир.

Видеото може да го погледнете и тука, а за поддршка може и subscribe

Коментарите се затворени.