Започна новата учебна година, општината ќе додели сто пакети за учениците за учениците до социјално загрозени категории

Гостивар, 2 септември 2024 – Првиот училиштен ден во новата учебна година на територијата на општина Гостивар започна во сите образовни институции. На свеченоста во основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ организирана за приемот на првоодделенците, првиот човек на општината Ваљбон Лимани најави и поддршка за учениците кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

– Денес на учениците им посакавме успешен почеток. Според последните податоци, школувањето во општина Гостивар ќе го започнат 570 ученици во прво одделение. Општина Гостивар ќе донира училишна опрема за 100 ученици кои се наоѓаат во социјален ризик, рече в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани.

Тој информираше дека подготовките во сите основни и средни училишта се завршени, па првиот работен ден на подрачјето на општина Гостивар започна без проблеми.

Раководителката на секторот за образование во општина Гостивар, Аслиан Снопче посочи дека има намалувањето на бројот на ученици, но нема да се отпуштаат наставници.

– Оваа учебна година во Гостивар нема да се отпуштаат наставници. Направивме средби со синдикалните организации и раководствата на училиштата и дојдовме до посакуваните решение, да нема технолошки вишок и намалување на бројот на наставници, рече Снопче.

 

Коментарите се затворени.